Тетовската полиција лишила од слобода 44-годишник од градот кој на Шар Планина при подготовка да направи скара, запалил оган што се проширил, па изгорела поголема површина сува трева.

Според првичните информации од тетовската полиција, тој ќе се соочи со пријава за предизвикување општа опасност што подразбира кривична одговорност.

Во неделата во 13 часот и 15 минути кај место викано „Голгота“, атар на с.Лисец, тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Попова Шапка го лишиле од слобода Ф.Н.(44) од Тетово. Околу 12 часот на наведеното место, во нива, негова сопственост при подготовка да направи скара, Ф.Н. запалил оган кој се проширил при што изгорела поголема површина сува трева, соопшти денес СВР Тетово.

Завчера на две места сличен пожар на површина со сува трева и друг вид зеленило имаше и на две локации во близина на Попова Шапка. Таму интервенирале и тетовските пожарникари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.