Мртов маж бил пронајден вчера во водите на Охридското Езеро.

„На 28.08.2021 во 07:30 часот во СВР-Охрид, Б.П.(34) од Скопје пријавил дека во водите од Охридското езеро на ул.„Кеј Македонија“ кај малото пристаниште забележал тело. Констатирано е дека се работи за Љ.А.(66) од Охрид. Смрт без видливи повреди на телото е констатирана од доктор од итна медицинска помош. Увид на лице место извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција“, соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.