Пратеник на ДУИ со огнено оружје вечерва си го ранил синот на свадбена веселба, објавуваат медиумите на албански јазик во земјава.

Како што пишува „Лајм“, функционерот си го повредил синот несакајќи, односно без намера.

Како што пренесува „Лајм“, нивните извори не го откриваат идентитетот на пратеникот од ДУИ, туку само неговите иницијали Џ.А.

Инаку, се уште не се знае здравствената состојба на повреденото лице, а од полицијата се уште го немаат потврдено инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.