Познат е идентитетот на скопјанецот кој вчера околу 09.10 часот бил пронајден починат на кејот на реката Вардар. Како што соопшти МВР, станува збор за Н.А.(54) од Скопје.

Според пријавеното, додека Н.А. трчал, му се слошило и паднал.

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.