Денеска во 17.00 часот момче беше нападнато од непознат сторител, при што се здобило со тешки телесни повреди, а сега од МВР го потврдија неговиот идентитет.

Иако првично стигна информација дека станува збор за малолетник, во официјалното соопштение на МВР стои дека станува збор за 19-годишно момче.

На 03.10.2019 околу17.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул..„Шекспирова“ во Скопје, Ф.В. (19) бил физички нападнат од страна на едно лице со тврд предмет. Ф.В. е пренесен во Ургентиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид направи екипа од СВР Скопје – јавуваат од МВР.

Момчето е пренесено во ургентен центар каде се наоѓа во тешка здравствена состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.