Министерството за внатрешни работи денеска го соопшти идентитетот на момчето кое вчера се удави во водите на езерото Младост.

Како што информираат од МВР, станува збор за скопјанецот М.С. на возраст од 28 години кој влегол во водата и по кусо време потонал и се удавил.

Телото на М.С. било извадено од водата, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.