Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека вчера полициски службеници од Полициска станица Аеродром ја лишиле од слобода Ж.П.(59) од Скопје.

Станува збор за дадилката која тепаше дете, а снимката од инцидентот беше споделена преку социјалните мрежи.

Сопственикот на угостителскиот објект, М.А. пријавил дека во игротеката во угостителскиот објект, пријавената физичкИ нападнала малолетно дете.

По преземени мерки било утврдено дека таа била ангажирана да работи како дадилка кај Д.Д.(43) од Скопје и физички го нападнала нејзиниот двегодишен син. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.