Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинеријата „ОКТА“.

Според пријавата, како што наведува ЦУК, пожарот настанал како резултат на искрење од бандера и се проширил на околната сува трева.

На местото на настанот се екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје и припадници на полицијата. Се интервенира на негово целосно гаснење и во моментот, од пријавувањето до сега, нема опасност од негово проширување, додаваат од ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.