Голем дел од пожрот во кавадаречкото село Манастисец е локализиран, соопшти дежурниот командир во проривпожарната станица во Кабадарци, Марјан Колев, но се уште не е изгаснат на непристапниор терен.

Неофицијално, околу 80 хектари сува трева и ниско стеблеста шума се опожарени од пламените јазици што веќе 9 часа беснеат на месноста „Свереова падина“. Пожарникатите од кавадаречката противпожарна единица се на терен и интервенираат заедно со вработени од шумско стопанство „Бор“. Спречено е ширење на огнот кон боровата шума на Љубаш, а со тоа е спречена и многу поголема катастрофа.

Дежурна екипа останува на терен која ќе ка следи соатојбата во текот на ноќта.

Материјалната штета и зафатеноста ќе се проценува утре, рече Колев. Според него спасена е боровата шума, а изгорела сува трева и нискостеблести растенија.

Огнот не претставува опасност за населението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.