Големиот пожар кој избувна попладнево околу 18 часот во месноста Ташли Баир над селото Едрениково, во општина Василево, е ставен под контрола, информираше командирот на Територијална против пожарна единица на Струмица, Александар Гудев.

Во гаснењето на пожарот учествуваа шест против пожарни возила и 25 пожарникари и со крајни напори успеавме големиот пожар да го ставиме под контрола и да го локализираме. Засега не е ликвидиран, бидејќи има одделни пожари на повеќе места, рече Гудев.

Пожарот се префрли кон населеното место Владевци и се доближи на неколку стотина метри до магистралниот пат Струмица-Радовиш.

Чадот од пожарот можеше да се забележи од Струмица и околните населени места, а според досегашните информации горат сува трева и ниско стеблеста шума.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.