Деновиве во медиумите беше објавена веста дека Пожарникар со даска претепал колега во службените простории на охридската пожарна и за малку ќе го убиел.

Порталот DOSIE.MK од извори во Охрид дојде до ужасни информации. Имено, на пожарникарот насилник ова не му бил прв ваков испад -тој со години ги малтретирал и физички напаѓал колегите, но до сега немало никакви санкции и покренати дисциплински постапки против неговото девијантно однесување, освен една судска забрана за доближување на помалку од 50 метри на двајца колеги.

Во пожарната е вработен пред 10 години откако бил преместен од МВР- затворска полиција, каде по вонреден лекарски преглед бил избркан од работа.

Ова е листата на неговите испади на работното место почнувајќи од последниот инцидент па и предходно :

1. Нанесување на тешки телесни повреди на колега во пределот на главата со дрвена палка и на бегање-излегување удира неколку пати друг колега во просториите на ТППЕ(пријавено);

2 Нанесување на повреди на колега во пределот на главата со железен предмет во ТППЕ(пријавено);

3 Удирање неколку пати (шамар или бокс) на командир на одделение во ТППЕ(не е пријавено);

4 Кршење на стол во просториите на ТППЕ(не е пријавено);

5 Удирање шамар на колега во ТППЕ(не е пријавено);

6 Напад на неколку колеги и командирот на ТППЕ со нож(пријавено);

7 Вербални пресметки со двајца колеги во ТППЕ при што му е изречена судска забрана за доближување на помалку од 50 метри до двајцата колеги;

8 Испишување на графити(ВМРО) по зидовите, вратите на ТППЕ(пријавено непознат сторител);

9 Излегување од работно место и правење проблеми во една од околните кафеани со униформа(кршење и тепачка);

10 Заканување на бившиот секретар на општина охрид и бившиот заменик командир на ТППЕ во просториите на ТППЕ;

11 Излегување од работно место и правење проблем во една од околните кафеани во униформа(кршење и тепачка).

Ова се само дел од неговите испади изминативе години. Сето ова ако навремено било санкционирано и истите биле соодветно третирани , сигурно немало да се случи последниот инцидент.

После одредувањето на притвор обвинителството е на потег да спроведе истрага до крај ,а вината за неговото однесување и несанкционирање секако да се побара кај сите кои се надлежни и одговорни оти неговите колеги стравуваат дека доколку повртоно помине неказнето ќе се врати и животите ќе им бидат загрозени.

Повредениот пожарникар кој во моментот кога бил нападнат пиел кафе е во добра здраствена состојба. Имал голема траума односно крварење во главата поради што бил опериран лично од министерот Венко Филипче. Другите колеги кои ги тепал и на кои по 193 телефонот им се јавувал и им се заканувал се добри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.