Скопските пожарникари ѝ асистирале на Брзата помош на средно Водно каде ѝ се слошило на планинарка, објави порталот Курир.

На жената ѝ се слошило на една од планинарските патеки, но поради непроодност на теренот медицинските екипи не можеле да дојдат до неа, па помош била побарана од противпожарната бригада.

Пожарникарите ја лоцирале жената, по што безбедно ја пренеле до местото каде ѝ била пружена лекарска помош.

Во близина на средно Водно беше потребно да се извлече жена и да се пренесе до локација каде можеше да ѝ биде пружена помош, по што беше преземена од екипата на Брза помош – вели за Курир, Ѕвонко Томевски командир на скопската противпожарна бригада.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.