Четириесет и пет годишен жител на тетовско Рогачево беше извлекуван од страна на пожарникари од неговото возило, откако излетал и се превртел додека возел по регионалниот пат Тетово-Јажинце денеска после 12.00 часот.

Според првичните информации на тетовската полиција поради излетувањето тој се здобил и со телесни повреди, но останал контактибилен.

– Сообраќајната незгода се случила на патот Тетово-Јажинце околу пладне во атарот на село Беловиште. Поради засега неутврдени причини возилото марка „Пежо 307“ кое го управувал Б.Ј. (45) од Рогачево излетало од коловозната лента, соопшти Марјан Јосифовски од СВР Тетово.

Возачот бил сам во возилото, а по извлекувањето е однесен во тетовската клиничка болница со возило на итната медицинска помош. Увид на местото започнаа да вршат јавен обвинител и екипа на СВР Тетово

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.