Во текот на вчерашниот ден околу 15 часот било пријавено дека во близина на автопатот Скопје – Велес, пред наплатната рампа „Сопот“, настанал пожар при што горела сува трева, трње и дрва.

При интервенцијата од Територијалната противпожарна единица Велес пожарникарот Н.Б.(21) од с. Г. Оризари се здобил со изгореница на десната потколеница и му била укажана лекарска помош.

Пожарот е локализиран околу 19.50 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.