Пожарникар во охридската Пожарна со тешки телесни повреди е пренесен на хируршкото одделение при Општа Болница од како бил нападнат од страна на негов колега кој и претходно физички нападна и повреди неколку негови колеги.

Инцидентот се случил околу 10 часот и 30 минути кога во просториите на Пожарната влегол пожарникарот кој сега веќе постојани ги тепа своите колеги и го извршил нападот.

Претходно пожарникарите се подготвуваа на протест да ги исфрлат своите униформи пред Локалната самоуправа бидејќи на работа биле постојано малтретирани и тепани.

КАДЕ Е ПОЛИЦИЈАТА ? !

Полицијата е во ист објект со Пожарната, а при претходното тепање пожарникари, со цел да не ги натепа повторно, објектот ( кој е во состав на Полицијата ) го обезбедувала реномирана приватна агенција за обезбедување од Охрид, на трошок на Локалната, која платила пожарникарите ( кои работат во ист објект со Полицијата ) да ги чуваат обезбедувачи за да не бидат натепани повторно.

 

извор: Охрид1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.