Во моментов на територија на Град Скопје има три активни пожари, информираа за МИА од скопската Територијална противпожарна единица.

Првиот е во населбата Маџир Маало на улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ број 65, во напуштена куќа во близина на новата Железничка станица. Во гаснење на пожарот се интервенира со три противпожарни возила и 10 пожарникари.

Вториот пожар е во штала во Кондово, во чие гаснење учествуваат две противпожарни возила со седум пожарникари, а третиот е на обиколницата по „Еуроактива“ кон Блаце, каде се интервенира со две возила и седум пожарникари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.