Денеска во населба Злокуќани во Скопје избувнал пожар во три куќи од кои едната е целосно изгорена. Едно семејство остана без кров над глава, информира градоначалникот Стевче Јакимовски на социјалната мрежа фејсбук.

Опожарени се три куќи во населбата Злокуќани, од кои едната е целосно изгорена. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа спречена е поголема катастрофа. Куќата во која избувнал пожарот е целосно уништена со целата покуќнина.
Апелирам до граѓаните да помогнат согласно своите можности, а на оштетеното семејство му понудив привремено сместување додека не се санира нивниот дом. Предупредувам дека доаѓа тешка зима и стравувам дека е можно да се повторат вакви немили настани, па затоа апелирам до сите граѓани да бидат крајно внимателни при користењето на електричната енергија“, кажа Јакимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.