Tетовските пожарникари утринава интервенираа на пожар во струјомер кој бил предизвикан од удар на гром во селото Сиричино, општина Јегуновце. При ударот и пожарот нема повредени луѓе, информираат од Тетовската противпожарна територијална единица.

Околу 9 часот утринава бевме повикани во Сиричино каде удрил гром во струјомер од куќа по што започнал пожар. Интервениравме и за среќа голема успеавме да го изгаснеме за да не се прошири во куќата. Нема повредени, но има материјална штета, интервениравме со две возила и пет пожарникари, изјави Ука Алити, командант на тетовската пожарна.

Оттаму и информацијата за интервенција за пожарната со две возила и четворица пожарникари вчера на пожар во реонот на Старо село. Интервенирано е на пожар на отворен простор каде горела нискостеблеста шума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.