Патничко возило и дел од тераса на стан се оштетени во пожарот што вчера избувнал на улицата „Маршал Тито“ во Кочани.

Полициската станица во Кочани информира дека вчера во раните утрински часови односно во три часот на тераса од стан на улицата „Маршал Тито“, сопственост на 36-годишниот М.Ѓнастанал пожарпри што биле оштетени настрешница на терасасопственост на О.Е.(46) и патничко возило „тојота“, сопственост на Н.С.(45).

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица во Кочани, а увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кочани. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.