Два пожари утринава се изгаснати на територија на општина Гази Баба. Едниот во работилница во Трубарево, а другиот во ЕСМ Енергетика во населбата Железара каде е интервенирано на котел за парно.

Во пожарот во работилницата, според првичните информации, повредени се тројца работници кои со Брза помош се пренесени во болница со цел да им се укаже лекарска помош. Пожарот избувнал нешто по 9 часот, а причина е најверојатно работа со компресор.

Во пожарот во ЕЛЕМ Енергетика, кој избувнал околу 8 часот, за среќа, нема повредени.

Командантот на Територијалната противпожарна единица Владимир Симоновски во изјава за МИА вели дека двата пожара се изгаснати. Во пожарот во работилницата интервенирале со две возила и осум пожарникари, а во пожарот со котелот со три возила и 10 пожарникари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.