Пред половина час на улицата „Венјамин Мачуковски“, спроти ОУ „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, во стан на петти спрат избувна пожар кој по брзата реакција на пожарникарите беше изгаснат. Освен вознемирени станари, повредени нема, а причинета е материјална штета.

(фото: МИА)

Командантот на Противпожарната единица во Скопје Владимир Симоновски за МИА информираше дека причината за пожарот е електрична инсталација, односно дека е опожарена сушара за алишта.

(фото: МИА)

Интервенирано е со три пожарникарски возила и 11 пожарникари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.