На 30.06.2022 во 09:40 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на обиколница Скопје, во близина на клучка Арачиново кон клучка Стајковци, настанал пожар во приколка на товарно возило во движење „мерцедес“, со неготински регистарски ознаки.

Возилото било управувано од А.К.(31) од с.Студеничани, скопско.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.