Две вили се опожарени од кои едната и целосно изгоре во големиот пожар во атарот на општина Карбинци. Пожарот е почнат пред околу еден час, а веќе е зафатена голема површина на земјоделско земјиште и култури. Во опасност се доведени и објекти.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев, за МИА вели дека од едната вила евакуирано е лице со инвалидитет. Пожарот се шири брзо поради ветерот и веќе е пристигнат кај препумната станица за вода во близина на село Радање.

Насев вели дека е ангажирано месното население кое им помага на штипските пожарникари кои веднаш се јавиле и дошле на опожарениот дел. Проблем им создаваат одредени шумски појаси каде што се издигнуваат пламени по неколку метри.

Засега никој не коментира која е причината за овој голем пожар.

Поради огнот, од 16 часот прекинат е и сообраќајот на регионалниот пат Штип-Плачковица.

Инаку, ова е веќе трета голема огнена стихија во општина Карбинци за речиси еден месец. Претходно изгореа 300 хектари житни култури, овошни и лозови насади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.