Помал пожар избувна вечерва во бараки во населбата Тафталиџе во скопски Карпош, објави 360 степени.

Според информациите од терен, пожарникарите брзо реагираа и се уште го гаснат огнот кој ги зафати бараките каде што порано беше сместен Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.

Засега нема информации за последиците од пожарот и за материјалната штета.


Повеќе фотографии ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.