Четири камиони изгореле на плац во Општина Бутел во Скопје, соопшти доцна синоќа Противпожарната бригада на Град Скопје.

Интервенција на паркинг за камиони во населбата Бутел. Запалени 4 товарни возила марка ’волво‘. Брза и навремена интервенција спречи палење на повеќе паркирани камиони и приколки, известија од скопската пожарна.

Според информациите објавени синоќа околу 12:30 часот, пожарот бил ставен под контрола и пожарникарите продолжиле да работат на негово целосно гаснење.

Интервенција на паркинг за камиони во н.БутелЗапалени 4 товарни возила марка Волво Брза и навремена интервенција…

Gepostet von Пожарна Скопје am Mittwoch, 26. August 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.