Пожар избувна попладневно над Прилеп. Како што информираат од прилепската противпожарна единица, пожарот избувнал околу пладне со запалена сува трева кај месноста „Топташ“, попладнево се проширил и ја зафатил мешовитатата шума во близината и се движи во близина над манастирот „Свети Димитрија“ кај селото Селце.

На теренот се 10-ина пожарникари со возило од противпожарната единица и 10-ина вработени од подружницата „Црн Бор“ на ЈП „Македонски шуми.

Според Влатко Велески, раководител на „Црн бор“, пожарот, најверојатно е предизвикан со палење на сува трева.

Запалена е прво сувата трева, малку стивна пожарот за ветрот попладнето да го разгори во блиската мешовита шума над градот. Не се движи кон манастирот „Свети Димитрија“ туку над него. Се надеваме дека сите екипи што се на теренот ќе се справат со стихијата, но, во секој случај, во ноќните часови екипите мора да се повлечат, вели Велески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.