Екипи на охридската Противпожарна единица, со две возила и соодветен број пожарникари од вчера го гасат пожарот, кој во попладневните часови избувна над селото Опеница, на потегот кон Расино.

Селото се наоѓа на осум километри од Охрид, а силниот чад се шири накај градот. Најмногу се почувствува синоќа после 22:00 часот, кога ветерот го носеше чадот кон Охрид.

Од Противпожарната единица велат дека со помош на екипи од шумското претпријатие се справуваат со огнената стихија.

Горат смрека и борови, но поради тешко пристапниот планински терен, гаснењето на пожарот во шумата е отежнато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.