Ноќеска околу 2 часот по полноќ во Полициската станица Драчево било пријавено дека на железничката станица Драчево настанал пожар на стари железнички прагови, кои биле извадени од пругата и биле оставени покрај неа.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Железничкиот сообраќај не бил во прекин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.