Пожар избувнал во близина на Патишка Река.

Како што информира МВР, вчера околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на село Патишка Река, Скопско, настанал пожар на нискостеблеста шума, кој се шири кон појас на шума од даб и смрека. Известена е Територијалната противпожарна единица и преземени се мерки за гасење на пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.