Пожарот во с.Вапила е повторно активиран према с.Сирула, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите, гори карпест предел со ниска вегетација, а теренот е непристапен.

На лице место присутни се представници од ДСЗ и вработени од Македонски Шуми кои моментално вршат обиколки, стои во информацијата на ЦУК.

Претходно ЦУК излезе со информација дека пожарот е целосно изгаснат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.