На 21.01.2022 година околу 09.20 часот на регионалниот пат Пробиштип-с.Крупиште, се случила сообраќајна несреќа во која С.Т. (63) од Пробиштип, управувајќи патничко моторно восило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски таблички изгубил контрола и излетал од патот.

Во Клиничка болница Штип се пренесени С.Т. и сопатникот во возилото Б.М. (80) од Пробиштип, кај кои се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.