Вчера околу 06.35 часот во близина на место викано „Ѓубриште“ – општина Велес, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(52) од Неготино и трактор со велешки регистарски ознаки, управуван од К.Т.(83) од Велес.

Во незгодата возачот на тракторот К.Т. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.