Шеесет и едногодишен рудар во рудникот „Злетово“ во Општина Пробиштип вчера со сопствено возило се пријавил во Итната медицинска помош дека е повреден при работа.

Според информациите од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, станува збор за лицето Б.А од село Трипатанци-Драч во Општина Пробиштип, кој откако бил прегледан од лекар од Итната медецинска помош е упатен кон штипската Клиничка болница, каде што му е констатирана повреда во предлот на градниот кош.

Вработените во Итната медицинска помош во Пробиштип случајот во Полициската станица го пријавиле синоќа во 17.55 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.