Непознато лице кое управувало возило „мерцедес” вчера во 17 часот удрилo во пешакот И.С.(19) од Скопје на улица „Босна и Херцеговина” во Скопје по што избегало со возилото.

Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Градска општа болница „8 Септември”.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.