Полициски службеници коишто барале осомничен за удирање на полицаец биле нападнати од група во Кондово.

Претходно осомничениот со возило одбил да застане на полициска контрола и со возило удрил полицаец.

На 20.10.2020 во 20.30 часот во Скопје на ул.„Ѓорче Петров“ патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(26) од с.Кондово, не застанало на даден знак и со возилото удрило полициски службеник, кој преземал службени дејства. По преземени мерки од полициски службеници А.А. бил пронајден. Според пријавеното, потоа повеќе лица физички нападнале полициски службеници – се наведува во полицискиот билтен

Како што велат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.