Околу 150 грама хероин, повеќе пакувања подготвени за продажба, се пронајдени при претрес во Кавадарци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што стои во соопштението од МВР, во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање и спречување на недозволената трговија со дрога и улично дилерство на 27.11.2021, по претходни оперативни сознанија и судска наредба, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле претрес во дом кај М.А. и В.М. во Кавадарци, при што се пронајдени околу 150 грама хероин, повеќе пакувања подготвени за продажба.
Дополнуваат дека е одземено и возило „алфа 159“ како и парични средства за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.
В.М. е лишена од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.