Повеќе од седум часа е активен пожарот кој што зафати сува трева и насади во околината на Прилеп. Спасени се лозовите и боровите насади како и викендичките во околината, велат од прилепската Противпожарна единица, но пожарот останува активен.

На теренот се три екипи со вкупно 11 пожарникари за да ја совладаат стихијата.

Како што информираат од прилепската Противпожарна единица, пожарот е забележан околу 12,30 часот, прво на ѓубриште и на сува трева околу месноста Дабница. Пожарот имал два крака, но екипите на противпожарната единица успеале да ги спасат викендичките во околината, лозовите и боровите насади како и месноста Заград.

Во гасењето се вклучиле и околните жители. Пожарот е сѐ уште активен и екипите се сѐ уште на теренот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.