Повеќе од еден месец се трага по дваесет и шест годишниот Пино од Скопје кој последно бил виден во Ѓорче Петров на 10-ти декември, во 22 часот навeчер. Бил излезен со неговиот автомобил, бела „Шкода“ со таблички SK 1566 AP и двата мобилни телефони, но од тогаш му се губи секоја трага. Следното утро, во вторникот, требало да ја пречека мајка си, која доаѓала од Италија, но никогаш не се појавил.

Повеќе од еден месец трае и агонијата за неговата мајка, која со цела сила се обидува да пронајде барем некој доказ кој би водел до нејзиниот син, и постојано апелира до граѓаните за било каква информација.

Полицијата во Македонија се уште ме убедува дека мојот син избегал од дома. Тие се некомпетентни. 32 дена без мојот Пино“, напиша неговата мајка на нејзиниот Фејсбук профил.

По момчето се уште се трага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.