Повеќе експлозии се слушаат од кругот на поранешната фабрика „Треска“ откако изби голем пожар.

Црн, густ чад го покри небото во реонот на Капиштец и Карпош.

Превентивно, жителите од околните куќи се евакуирани од страна на полицијата.

Кусо по пристигнувањето на пожарникарите, полицијата почна ги трга сите присутни од местото поради опасност од експлозии. Пожарникарите не можат да стасаат поблиску до пожарот.

Улицата Теодосиј Гологанов е блокирана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.