Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Осомничениот 38-годишен скопјанец, во неговиот дом во село Сарај, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 40.19 грама и семки од канабис во вкупна нето маса од 2.63 грама. При претресот во домот на осомничениот, на 4 ти декември, дрогата била пронајдена и одземена, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и на можност осомничениот да го повтори кривичното дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.