Основното јавно обвинителство Гостивар донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштува ЈОРСМ, осомничениот неовластено заради продажба држел 51,8 грама наркотична дрога марихуана. Помал дел од дрогата ја држел кај себе, спакувана во најлонско пакување во кутија за цигари.

На 7 февруари, кога полициски службеници од Полициската станица Гостивар се обиделе да го легитимираат, тој се дал во бегство и дрогата ја фрлил на земја. Следниот ден, при извршен претрес во домот на осомничениот, остатокот од дрогата бил пронајден во помошна просторија за чување огревни дрва, во неколку пакувања скриени во метално буре, се наведува во соопштението.

Поради опасност од бегство, како и можност да ја попречува постапката со влијание врз сведоците или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Гостивар доставил Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.