И денеска од раните утрински часови потрагата е продолжена и се засилува по лицето кое со приватно моторно возило „голф 4“ падна вчера во водите на реката Вардар кај мостот во село Желино, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од таму информираат дека по добиените податоци од раководителот на РЦУК Тетово, од лице место на терен, во потрага до 14.30 часот биле вклучени пет лица од Полициската станица Јегуновце, лица од Црвен Крст-Тетово, четири нуркачи од Дирекцијата за заштита и спасување, пет вработени од Територијалната противпожарна единица Тетово, шест вработени од Единицата на локалната самоуправа Желино, екипа од РЦУК Тетово.

Истовремено е најавено пристигнување на специјализирана нуркачка екипа од Министерството за внатрешни работи, како и екипа на Криминалистичка полиција од СВР Тетово на МВР.

Од 14.30 часот, според официјалните извештаи добиено во Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи, на терен од пладне е пристигната екипа од ДСЗ Кочани со четири лица заедно со четири нуркачи од ДЗС Тетово, при што осум вработени од ДЗС Тетово се во реката во потрага на исчезнатиот, велат од ЦУК.

Исто така, како што се наведува во соопштението, во 13 часот од Единицата за брзо распоредување е присутен тим од седум членови, а и други доброволци кои вршат потрага на двете страни од коритото на реката Вардар.

Од страна на ЦУК е побарано еден хеликоптер од МВР и тој врши пребарување од 13.30 часот часот по течението на реката, почнувајќи од местото на настанот. Истовремено во потрагата се очекува интервенција од нуркачкиот тим од МВР, додаваат од ЦУК.

Од ЦУК посочуваат дека потрагата продолжува, а за нови податоци од лице место ќе известат по добивање на информациите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.