Потрагата по 34-годишниот Николче Николовски од битолското село Буково сè уште трае. Семејството и пријателите алармираат дека Николовски е исчезнат од својот дом од петокот, кога со автомобил „форд фиеста“, сребрена металик боја, со регистарска ознака БТ 852 ДК, околу 15 часот излегол, по што му се губи траг.

Како што раскажува негов близок другар, станува збор за лице кое е повлечно и прима терапија, а исчезнувањето веќе било пријавено во полиција.

Во неделата во осум часот бил забележан во манастир во Новаци, Битолско. Дошол со автомобилот, побарал клуч од манастирот за да запали свеќа. Луѓето од манастирот му отклучиле, тој си запалил свеќа, а потоа заминал. Тие дури два часа откако тој отишол, ја виделе неговата слика на социјалните мрежи, заедно со апелот дека се трага по него. Веднаш ни се јавија, но Николче не го најдовме во близина. Апелираме до целата јавност, се сомневаме дека можеби е во некој храм, во некој манастир или црква, доколку било кој го забележи, нека се јави во полиција, или пак кај мене на мобилен на 070 360 520, вели неговиот другар Горан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.