Гостиварц пријавил во полиција дека бил измамен од женско лице на кое ѝ дал пари за да помогне при вработување во државна институција.

Според СВР Тетово, Ј.М. (23) од Гостивар синоќа пријавил дека пред извесно време бил измамен од женско лице од Скопје. Гостиварецот преку социјалната мрежа „Фејсбук“, претходно се запознал контактирал, а таа му ветила дека ќе му помогне за вработување на неговата девојка. За таа услуга му побарала да плати илјада евра.

Тој, според пријавеното, се договорил и во Гостивар ѝ платил една од договорените рати. Подоцна, скопјанката не се појавила на договорената средба во Скопје и не му се јавувала повеќе, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.