Ноќва во 00:20 часот Д.Р.(58) од Прилеп во полиција пријавил дека додека бил во угостителски објект во Прилеп со неговата пријателка З.В., по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице вработено во објектот.

Околу 01:40 часот, пак, З.В.(61) од Прилеп пријавила дека на 11.06.2022 околу 23:30 часот во угостителски објект во Прилеп, каде била гостинка, по претходна расправија, била физички нападната од едно женско лице.

Во врска со случајот, во 01:30 часот, Н.Н.(21) и Б.Н.(28), двајцата од прилепско, пријавиле дека во угостителски објект во Прилеп каде биле вработени, Н.Н. била физички нападната од едно женско лице, а Б.Н. од машко лице, двајцата гости во објектот.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.