Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе кривична пријава против лицето Б.А (29) кај кого вчера при извршен преглед полициски слубеници пронашле пиштол што го поседувал без дозвола.

– По претходно добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 18 часот во населба Сингелиќ извршен е преглед врз лицето Б.А. При извршениот преглед е пронајдено огнено оружје – пиштол кое тој го поседувал без дозвола, по што бил извршен претрес и во домот каде што престојува лицето.

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје против лицето Б.А поднела кривична пријава во брза постапка за кривично дело по член 396 од кривичниот законик „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.