Во близина на градскиот плоштад во Тетово беше пронајдено убиено лицето Ф.Т. роден во 1962 година, пренесува Алсат- М. Безживотното тело беше пронајдено во неговиот автомобил од страна на неговиот син кој веднаш потоа пријавил во полиција.

Убиеното лице е поранешен возач на Хазби Лика и во моментот беше вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово.

На стаклото од автомобилот се пронајдени дупки од огнено оружје, но сеуште не е познато дали станува збор за убиство или самоубиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.