Поранешен градоначалник и полициски службеник го избодел синот во семејна кавга, дозна утрово Нетпрес.

Поранешниот градоначалник на Општина Петровец од редовите на СДСМ и вработен во Бирото за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи (МВР), Звонко Цветковски, вчера со две убодни рани со нож си го повредил 22-годишниот син Ј.Ц, пишува Плусинфо.

Информацијата за неколку македонски медиуми ја потврдиле и од МВР.

На настанот претходела семејна расправија, а сето ова се случило во Ржаничино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.