Вчера околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, З.М.(59) и Г.М.(34), двајцата од с.Љубодраг, кумановско, физички го нападнале Ж.К.(50) од Скопје, вработен во Градски паркинг Скопје.

Според пријавеното, причина за физичкиот напад било нивното незадоволство од платената казна за непрописно паркирање.

Лицата се обезбедени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.