Поплави во подруми и подрумски простории на дваесетина куќи, излеана канализација од неколку шахти, паднато дрво и однесен дел од тампонот на повеќе улици, е билансот од синоќешното невреме во Кавадарци.

Од „Комуналец” за МИА велат дека дел од улиците биле и блокирани поради наноси од тампонот, но со брза интервенција со четири скипа, неколку трактори и камиони на комуналното претпријатие, проблемот бил отстранет.

Според „Комуналец”, паднатот дрво веднаш било отстрането од комуналните екипи. Градот за многу кратко  време бил нормализиран, а во текот на денешниот ден и утре ќе се изврши негово целосно миење и генерално чистење.

Во средувањето на градот учествувале и кавадаречките пожарникари кои со пумпи испумпувале вода од поплавените објекти. Заеднички се координирале комуналните работници, пожарникарите и вработените во службата „Мој општинар”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.